2win800x200

Благодарам - личен избор и една мисла (пишува Ана Салтирова Давидовски)

Јули 16, 2025

Пишува Ана Салтирова Давидовски

 

 

Замисли дека утре ќе го имаш само она за кое си благодарен денес.

Ова ја менува играта, списокот на работи за кои сме благодарни самиот се испишува по ова поставено прашање, или не?

Да не се одрекуваме од нашиот ЛиченИЗБОР и свесно да го избереме фокусот.

Препознавање на она што е добро, дури и во тешкото, притоа не мислам на лакирање на реалноста, туку рефокусирање.

Од друга страна Благодарноста е лесна и бесплатна, и целосно зависи од нашиот став, избор и фокус. Благодарноста е многу повеќе од кажување фала или благодарам за добро завршена работа или за добивање на некое добро кое го вреднуваме. Таа е начин како гледаме на сѐ она што не окружува. Покрај тоа што Благодарноста е добра за нас добра е и за луѓето околу нас. Сите ги знаеме оние луѓе кои зрачат поинаку и кои се радуваме што ни го пресретнале патот за разлика од оние „другите луѓе“.

Како општествена вредност Благодарноста носи некои научно докажани придобивки. Благодарните луѓе:

  • се посреќни
  • се поздрави
  • имаат поздрави срца
  • вежбаат повеќе
  • имаат подобар сон
  • се оптимистични
  • полесно ги надминуваат препреките т.е. развиваат резилиентност
  • се великодушни со своето време и пари
  • полесно простуваат и градат добри релации со луѓето околу нив
  • ја поттикнуваат самодовербата кај другите и инспирираат да се продолжи со благодарниот став.

Благодарноста исто е едно од делотворните решенија за справување со чувство на исклученост, осаменост, несигурност и неисполнетост што зафаќа епидемиолошки размери во времето во кое живееме. Бонус е што истата е двонасочна и давателот и примателот ги уживаат придобивките од истата, при што го зголемува сератонинот и допаминот, а го намалува кортизолот.

Благодарноста е како мускул. Со редовно вежбање станува посилен. Да, тешко е на почеток затоа што ретко кој не подучувал на неа. Растевме во средина каде што фокусот е на проблемите, каде поплаките се секојдневие, со што позитивните работите се иститснуваат од видокругот. Родителите не учеле така секако со најголема љубов.

Можеби и кога ќе си го напишеме животот на хартија личи одлично, а ние сепак не се чувствуваме така – одговорот е тажен – хронично ни недостига свесност и благодарност за она што го имаме.

Не можам за себе да кажам дека бев таму но не и дека бев далеку од таа реалност, секако со брзи чекори движев натаму. Затоа ја почнав праксата на редовно писмено искажување благодарност во 2014 и уживав во научно докажаните бенефитите од истата (проверете, немојте да ми верувате). По што решив да ја почнам таа пракса и со мојот син (тогаш 6), па секоја вечер пред легнување го прашував и си зборувавме за тоа што ни било најубаво тој ден. Тој беше многу подобар од мене иако јас имав редовна пракса во искажување на благодарност веќе 2 години, а двајцата уживавме во тие разговори, па ако јас заборавев тој ме потсетуваше на таа наша пракса пред легнување. Така се роди идејата за книгата #Благодарам која во 2018 го започна своето патување. 7 години подоцна вдомена е во повеќе од 2500 семејства и повратната информација која ја добивам не ја очекував ни во најлудите соништа. Мојата инспирација за овој проект сеуште е ентузијастичка како и на почетокот па во овој проект кој почна со прашањето – Што ти беше најубаво денес? Израснаа:

  • 2 книги - Благодарам и 50+ идеи Благодарам (во која има идеја за негување на Благодарам за секоја недела од годината)
  • Игра Благодарам
  • Карти Благодарам
  • Картички Благодарам
  • Домино Благодарам
  • Сложувалка Благодарам
  • Коцка Благодарам
  • Предизвик Благодарам за деца, големи, компании
  • Врти за... Благодарам
  • Благодарам и Ајнштајновите загатки
  • Лампион Благодарам
  • Многу одржани работичници во градинки, училишта, едукативни центри како од мене така и од други Благодарам Амбасадори
  • Многу одржани работилници во компании за наоѓање на местото и уживање во бенефитот од Благодарам во корпоративниот свет.
  • Имам уште идеи... за жал не секогаш доволно време да ги заживеам со темпото со кое ми доаѓаат, но, тука се, ќе им дојде време.

Овој месец е роденденски месец ќе има и подароци со роденденската понуда како би ја поканиле Благодарам во вашето секојдневие, ѕирнете https://preview.mailerlite.io/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани