АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
.„Попатни паралипомени“ е последната книга на авторот д-р Александар Литовски, која беше промовирана синоќа во галерискиот простор „Магаза“, како дел од настаните за одбележување на 4 Ноември-Денот на ослободувањето на Битола. Станува збор за книга во која се собрани публикувани текстови од рецензии и осврти, јавни настапи за промоции, но и книга која пред читателите ќе отвори нови прашања и теми кои не се доволно истражени од македонската историографија, пишува Литовски во воведот на книгата.
-Се работи за текстови кои во подолг врменски период се творени, затоа што некои се јавни настапи или јавна реч за некои книги кои се промовираа во Битола од познати битолски автори и интелектуалци. Оваа книга во секој случај е битолска, а темите се различни во зависност од авторот, рече Литовски на синоќешната промоција.
Промотор на книгата „Попатни паралипомени“ беше Роберт Алаѓозовски, кој меѓу другото истакна дека секој автор би посакал Литовски да биде рецензент на неговото дело.
-Книгата „Попатни паралипомени“ го открива авторот Александар Литовски како еден историчар и научник од европски ранг, а токму начинот на кој што тој ги пишува своите есеи односни промотивна реч по разни поводи и рецензии, го открива и како врвен интелектуалец. Тој има стабилно интелектуално кредо и тоа може да се види без разлика на која од различните теми пишува, рече Алаѓозовски.
Истовремено, синоќа во галерискиот простор „Магаза“ беше промовирана книгата на авторот д-р Роберто Трајковски, „Вермахтот и Егејскиот дел на Македонија 1941-1944 година“
Книгите се финансирани од Министерството за култура и со поддршка од Општина Битола.
-Во мојата книга се разработени повеќе воени-политички теми во врска со дејствувањето на Вермахтот во Егејскиот дел на Македонија и некои одрени воено- политички мерки на Третиот Рајх во однос на тој дел на македонија и исто така односот меѓу Бугарската држава и институции и Вермахтот и Третиот Рајх на таа територија, рече Трајковски
На истото место, во „Магазата“ беше отворена изложбата „Битолските Евреи во македонското партизанско движење“ чии автори се д-р Александар Манојловски и д-р Александар Литовски.
Е.М.