АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Говорот на омраза е наше секојдневие, посебно на социјалните мрежи, но пошироката јавност не е многу информирана што точно значи тоа.
На оваа тема малку се зборува, токму затоа што тешко се препознава говорот на омраза, иако од минатата година во Кривичниот законик на Македонија е регулирано како кривично дело, велат експертите. Токму со цел подигање на јавната свест за ова кривично дело, во организација на Правниот факултет се одржа меѓународен стручно-научен форум за говорот на омраза и концептот на злосторства од омраза.
-Идејата е на едно стручно и научно рамниште да се отвори една тема која е многу современа, која тангира совермени процеси кои што се интензивираат со појавата на социјалните медиуми. Секојдневно гледаме различни примери на говор на омраза и потенцијални кривични дела од омраза. Дури во 2018 година законодавецот во Македонија конечно се зафати со подетално регулирање на оваа материја и за истата за првпат даде дефиниција во кривичниот законик-што е тоа говор на омраза. На оваа тема кај нас многу малку се знае и се зборува, а толку многу е присутна во секојдневниот живот . Овие се активности кои што треба да придонесат за подигање на свеста за препознавање на говорот на омраза и дефинирање што тоа значи, бидејќи ние овој термин го споменуваме во секојдневието, но пошироката јавност не знае што точно значи. Ова е глобален проблем, егзистира во сите земји.
Во дебатниот дел на Форумот на тема „Говорот на омраза и концептот на злосторства од омраза“ со свои излагања настапија претставници од Правен факултет во Ниш-Србија, Хелсиншки комитет, Институтот БАСИМ-Битола, како и претставници на граѓанскиот сектор од Битола. Мислењата и ставовите од овој научен собир ќе бидат поместени во публикација.
Е.М,