АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Зајакнување на демократската клима во училиштето,поттикнување на одговорноста кај учениците за состојбите и условите во училиштето и заедницат, како и зајакнување на нивната иницијативност за позитивна промена е целата на активностите кои ба спороведени денес во ОУ „Елпида Караманди“ - Битола во рамките на Отворен ден на Граѓанск ото образование.
Активностите ги подготвија наставниците по граѓанско образование, Снежана Брзевска и Ленче Радевска и стручната служба на училиштето, а во соработка со Лидија Кондинска советник во Биро за развој во образованието. Сите ученици од 9 одд беа во улога на наставници во времетраење од два часа, во сите одделенија и паралелки одржаа часови на теми од граѓанското образование. Со тоа учениците во улога на наставници стануваат посвесни за одговорноста на наставниците и тежината што ја имаат да се работи со деца и млади.
- Соработката со Општината е многу важна особено во делот на младите и младинскиот активизам па затоа гостин на учениците-наставници им беше Борче Корлрвски советник во Совет на општина Битола, со што ќе придонесеме во промоција на граѓанските вредности на ниво на целото училиште и поврзување на училиштето со пошироката заедница. Со особено задоволство сакам да нагласам дека сме училиште кое веќе десетина години е вклучено во проекти за Имплементација на детските права и Дете правобранител и истите успешно ги практикуваме во секојдневното работење на училиштето. Затоа на 20.11.2019 година бевме и поканети на манифестацијата за одбележување на Светски ден на детето и 30 години од донесувањето на Декларацијата за правата на децата во организација на Народен правобранител на РСМ. Присуствувавме и на приемот на Претседателот на Собранието Талат Џафери. На истата таа средба Децата правобранители од основните и средните училишта на РСМ подржани од Народниот правобранител им ги врачија во писмена форма нивните барања за унапредување на правата на децата, изјави Тања Дамчевска, директор на ОУ „Елпида Караманди“-Битола
Е.М.