2win800x200

90 слободни работни места понудија десет компании на Саемот на кариера организиран од МКЦ

Ноември 27, 2019

Над 90 слободни работни места, денес беа понудени на штандовската презентација на 10 компании кои имаа можност да се претстават во рамките на Саемот на кариера, кој се одржува во Битола по четврт пат, во организација на МКЦ Битола и со поддршка од Општина Битола. 

1 2

Континуираната заложба на организаторите за намалување на младинската невработеност најдобро може да се согледа на овој начин, преку кој се врши поврзување на младите луѓе со компании, информирање на младите лица за користење на мерките за млади од оперативниот план за вработување и работа на индивидуален кариерен раст и развој на младите.

4 1

-Наша интенција во изминатите десетина години беше да ги задржиме младите овде, односно да влијаеме на таканаречената внатрешна миграција, со која што најголемиот дел од младите, особено високообразованите, заминуваат во Скопје. Секако дека постои и надворешна миграција, но внатрешната миграција кај високообразовните кадри е алармантна. На овој начин сакаме да ги поттикнеме и компаниите, но и младите луѓе кои што бараат работа, да се поврзат меѓу себе, да  направат контакти и да се создадат можности да се вклопат во нашите компании. Сакаме да докажеме дека идинината на оваа држава не е само главниот град Скопје, туку има  можност младиите луѓе да осатанат на своите родни огништа и да дадат придонес за јакнење на економијата на локално ниво, а тоа е можно доколку имаме силни региони, рече Сашо Додовски, директор на МКЦ.

3

Програмата на денешниот саем на кариера имаше акцент на битолските приказни и битолските компании. Присутни имаа можност да слушнат за предизвикот кој значи успех и на истиот да му се придружат, креирајќи ја приказната на сопствената успешна иднина.

5 2

-На овој саем на кариера во Битола, младите имаат можност да го разбудат својот претприемачки дух, односно да бидат поблиску до бизнис заедницата, да ги видат нивните идеи, од друга страна, бизнис заедницата да ги слушне идеите на младите и на тој начин, преку тоа приближување, младите да ја видат перспективата во приватниот сектор кој е предизвик во целиот свет. Рамномернито регионален развој од тој аспект е многу значаен и  ме радува новиот импулс кој ни се случува во државата и на локлно и на централно ниво. Чинам дека едното со другото се поврзани и само на тој начин ако го развиваме овој претприемнички дух можеме да имаме суштински развој на ниво на држава, изјави градоначалничката на општина Битола,  Наташа Петровска.

77122752 2603287789740800 5270650343707901952 n

Е.М.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани