АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со 6,5 милиони денари од АД ЕСМ и РЕК Битола како надоместок за производство на енергија од фосилни горива Општина Новаци реализира седум проекти во неколку населени места.
-Врз основа на Одлуката на Влада на Република Северна Македонија за распределба на средства по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации за општина Новаци , како и Програмата за управување со животната средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во општина Новаци за 2019г по склучен договор со Министерството за животна средина и просторно планирање за тековната 2019г општина Новаци доделените средства во висина од 6.566.387 денари ги искористени за :
-Изградба на атмосферска канализација во с.Новаци
-Изградба на атмосферска канализација во с.Бач
-Изградба на водопоило во с.Зовиќ, с.Рапеш и с.Маково
-Санација на фонтана во с.Рибарци
-Реконструкција на тротоар во с.Новаци (општинска зграда кон Рибарци)
-Реконструкција на тротоар во с.Новаци ( МКЦ до гробишта)
-Партерно уредување на капалиште покрај Градешка река, велат од Општина Новаци.