АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Како што покажуваат годишните извештаи, точно е дека производството во годините на енергетската криза е меѓу најниските во последниве две децении. Каде отишле тогаш парите?
Еден од одговорите е во драматичниот раст на трошоците за производство на електрична енергија во најголемиот капацитет – РЕК „Битола“, објави https://360stepeni.mk/
Сегашното раководство на државната компанија ни сподели информација дека од 2013 до 2020 година, производната цена за мегават-час електрична енергија во РЕК „Битола“ се движела до највисоки 50 евра. Во 2021, цената расте на 69 евра, следната година се намалува на 61 евро, за во 2023 да скокне на 103 евра за мегават-час. При смената на власта годинава, велат од ЕСМ, затекнале просечна цена од 133 евра за мегават-час.
Каде и што се крие во драматичниот раст на цената на производството во РЕК „Битола“, прашавме во ЕСМ.
„Сметаме дека надлежните институции треба да ги потврдат нашите сомнежи за тоа како се воделе одредени постапки. Дел од документацијата е предмет на ревизија, а дел веќе ја доставивме до МВР и до Управата за финансиска полиција, на нивно барање. Секој што се огрешил пред законот, треба да одговара“,
тврдат од „Електрани на Северна Македонија“ за „360 степени“.
Од компанијата, во оваа фаза, не излегоа со повеќе детали – како и каде точно сметаат дека се направени злоупотреби или, пак, се работело недомаќински. А без директен одговор, само посредно можевме да извлечеме заклучоци.
Еден аспект што го спомнуваат и од ЕСМ и владините претставници е квалитетот на јагленот, кој во последниве три години „Електрани“ почнаа и да го увезуваат, наместо праксата целосно да се покрива од сопствен ископ.
Целиот текст на https://360stepeni.mk/