АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На музика па Олабај!
На театар па Олабај!
...Се креативните пакети кои ги надополнуваат и промовираат програмите на меѓународните фестивали во Битола, обезбедувајќи дополнителна програма што ќе ги анимира и задржи гостите и посетителите во локалната заедница, ќе ги поврзе со истата и ќе ја мотивира да ја конзумира фестивалската уметност. Во оваа слика воспоставуваме двострана нераскинлива врска помеѓу меѓународните фестивали во Битола и жителите во локалната заедница. „Олабај“ создава простори исполнети со содржини кои се резултат на нашата заложба да создаваме заедници кои поттикнуваат синергија помеѓу различните, помеѓу раздвоените по возраст, род, пол, област на интерес...
Ова „олабаено“ доживување започнува на 22 јуни со програмата „На музика па Олабај“ која е креирана за Меѓународниот младински арт фестивал „Битола отворен град“ и продолжува со програмата „На театар па Олабај“ која е креирана за „Битола Шекспир Фестивал“.
Дел од овие програми се Уметничката работилница: „Треба да ги затвориш очите – инаку нема да видиш ништо.“, „АrtHunt“ - Современи уметничи интервенции, „Ништо ново под сонцето“ и „Празната чинија одекнува најгласно“ – музички концертни надополнувања и џем сешн.
Овие два пакети одекнуваат со пулсот на слободата за експеримент, наметнувајќи се како нужно надополнување на културните пулсирања во градот.
Оваа програма ги балансира уметничките елементи кои имаат смисла и оние кои немаат, со ефектот на противречност, двосмисленост наспроти логиката и разумот.
„Олабај“ е програма која ќе се реалзира во текот на целата година.
Проектот го реализира Здружение на граѓани за поинакво делување АРТАКТ Битола со поддршка на Министерство за култура на Република Северна Македонија.