АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Општина Битола денеска организира мини саем на кој ќе бидат презентирани резултатите од наградените истражувачки проекти од јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“ на ФИТР. Целта е промоција на проектите, како и подигнување на свеста кај младите за заштита на животната средина. Своите проекти ќе ги претстават шест училишта, а се очекува присуство на уште 17 училишта од регионот. Мини саемот ќе се одржи во Центарот за култура во Битола, а најавено е обраќање на директорот на ФИТР Јован Деспотовски и на градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска.