2win800x200

Општината апелира до граѓаните да се почитуваат препораките на Министерството за животна средина за загадениот воздухот

Декември 18, 2019

Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели ( Службен весник на Република Македонија бр.183 од 14.12. 2017 ) во кој е дефиниран прагот на информирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) надминување на вредноста од 100µg/m3 во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат во мерната станица Битола 2:      

                           

За период

Битола 2

16.12.2019

171.82  ( µg/m3)

17.12.2019

202.98  ( µg/m3)

Апелираме граѓаните да ги применат и поддржат препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање донесени во координација со Интерсекторската работна група за воздух во која членуваат и претставниците на Секторот здравство, во случај на надминување на прагот на информирање за PM10, односно:

-          да се користи јавниот превоз

-          возилата да не се користат без поголема потреба

-          повеќе лица да се возат во едно возило во исто време

-          да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел , стиропор , ПЕТ амбалажа , парчиња гума или било кој друг синтатички материјал

-          правилно да се користат печките на дрва

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје ги дава следните препораки:

-          да се ограничи движењето и активностите на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцево садовен систем, со посебен ризик за болните од белодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

-          покрај ова, се препорачува земање на витамини (антиоксиданси), главно преку исхраната (свеж сезонски зеленчук и овошје), по потреба и додатоци. односно суплементи.

-          хронично болните лица редовно да  ја земаат препишаната терапиија од матичните лекари и да се придржуваат до препорачаниот диететски режим со намален внес на масна и солена храна.

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани