2win800x200

Мурал во училишниот двор изработија волонтери од ОУ „Гоце Делчев“-Битола

Декември 20, 2019

ОУ„Гоце Делчев“-Битола  стартува со волонтерската акција во оплеменување на училишниот двор со цртање мурал, финансирана од Буџетот на Општина Битола. Целата е реализација на активности од акцискиот план за развој на волонтерството и организирање на волонтерски акции преку Советот за волонтерство при општина Битола.

80359846 2521295038113515 3002419733199847424 n

Симболиката на муралот е во единството на различностите, кое го градиме преку толеранцијата, комуникацијата, меѓусебното почитување и соработката, со што создаваме позитивна работна клима како поттик за високи резултати. Не е важно само што правиме, туку заедно да правиме нешто од заеднички интерес-за сите, велат волонтерите вклучени во акцијата.

80765760 448540656099464 7344997368741232640 n

79491820 550960548817586 8504868267871961088 n

Другарството, љубовта, соживотот да бидат наш секојдневен патоказ. Ние како училиште ги поддржуваме ваквите активности се со цел продлабочување на соработката со локалната самоуправа и невладиниот сектор, велат од училиштето.

-Голема благодарност до градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, до Совет за волонтерство при општина Битола, до Здружение на активисти за ефективна интеграција на граѓанското општество – Заедничка алтернатива Битола, до претседателот на здружението г-ѓа Мирјана Алексовска, до наставниците, учениците под менторство на ликовниот педагог Кристина Стојанова, родителите  и вработените во училиштето кои максимално и безрезервно учествуваа во оваа волонтерска акција, изјави Биљана Стојковска, директор на ОУ „Гоце Делчев“-Битола.

80714188 468574693843748 5601823778569977856 n

79679775 2543230509058449 4650048112264478720 n

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани