Училишниот хор на ООУ „Гоце Делчев“ Битола под менторство на наставничката Марија Арсиќ, го освои првото место на Државниот хорски натпревар во Кавадарци и уште еднаш покажа што значат посветеност, талент и љубов кон музиката.
„Со многу труд, дисциплина и срце вложено во секоја проба, нашите ученици блеснаа на сцената и заслужено го понесоа највисокото признание. Горди сме на секој отпеан тон, на секој насмевнат лик и на секој момент што нè доведе до овој голем успех. Оваа победа е круна на заедничкиот труд, музичката страст и тимскиот дух што нашиот хор го носи со себе“, објавија од ООУ „Гоце Делчев“ Битола.
Честитки за нашите прекрасни хористи и за нивниот ментор Марија Арсиќ — за ова блескаво прво место и за уште еден успех што ќе се памети!