АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ученици, наставници и вработени од ОУ„Гоце Делчев“-Битола како и претставници од Халк банка денеска засадија нови садници на зелените површини во дворот на училиштето, донација од банката. ОУ„ Гоце Делчев“ – Битола се вклучи во проектот „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. Тоа е ЕКО училиште со статус Зелено знаме што е највисоко признание во еко мрежата, со кое може да се стекне едно училиште, велат од училиштето.
-Како ЕКО училиште се залагаме за подигнување на еко свеста и подобра животна средина. Реализираме многу кампањи, работилници, предавања, трибини, но се вклучуваме и во активности и акции организирани од други субјекти и институции. Денес заедно со учениците и вработените во училиштетото се приклучивме во колективното садење на дрвја во Македонија. Акцијата беше организирана од Граѓанската иницијатива. Донирани се 10 садници од страна на Халк банка. Садниците се засадени во присуство на претставници од Халк банка – филијала Битола, вели директорката на ОУ „Гоце Делчев“-Битола, Билјана Стојковска.