АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ротари клубот од Битола донираше неуробиофидбек апарат на Одделението за ментално здравје за деца и млади при ЈЗУ Клиничка болница Битола. За првпат се набавува ваков апарат, а здравствената услуга ќе биде фондовски покриена. Ќе се користи за третмани на когнитивните способности кај децата, но дава можности за третман и на многу анксиозно фобични болести, стравови, депресија, подобрување на мозочните способности по преживеани инциденти и трауми.
„ Апарат ЕЕГ дигитракнеурофидбек од полски производител, триканален, најнова верзија. Со овој апарат се осовременува третманот на децата со атипичен и типичен развој во нашата болница, покронкретно во Одделението за ментално здравје. Неуробиофидбекот е метода која ги подобрува когнитивните, професионалните и личните перформанси кај пацинетите. Најголем придонес има во подобрување на когнитивните способности, меморија, учење, мотивација посебно кај децата со невро-развојни нарушувања, односно аутизам, ментална попреченост , деца со хиперактивно растројство. Потоа служи и за третман на јазично –говорни проблеми“, рече Билјана Гагачовска специјалист психијатар, раководител на Оделение за ментално здравје на деца и млади при Битолската болница.
Ова е уште една донација на Ротари клубот од Битола, кој и претходни пати имал хумани донации во Битолската болница.
„ Овој парат ќе помогнеме на одредена категоријан деца со попречен развој во унапредување на нивното здравје. Ротари клубот континуирано помага во општеството со одредени донации и прокети од најразличен тип, дали од медицина, образование, мир, во рамки на нашите можности. Сметаме дека оваа активност нема цена“, рече Васко Талевски од Ротари клубот –Битола.
Ж.Здравковска