АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Прерано од овој свет на 52 години денеска си замина Зоран Кузмановски, познат битолски рокер и музичар, свирач на гитара.
Кузмановски со музика започнал да се занимава од 1980 година напочеток во групата „Катаклизма“, беше член во повеќе групи во Битола меѓу кои „Атмосфера“,„ Елита“, „Гром“, а подоцна се испроба и со солистички настапи по битолските локали. Последната снимена композија ја имаше пред околу пет години, насловена како „Срце скршено“, каде го испиеа вокалот на песна на Владимир Роме со кого заедно ги започнаа музучките кариери на почетокот од осумдесеттите години.