2win800x200

Градоначалничката Петровска ги посети мајката и првото бебе во Новата година

Јануари 01, 2020

Првороденото бебе во Новата година  во Клиничката болница во Битола претпладнево го посети градоначалничката Наташа Петровска. Девеојче по име Евгенија е прва радст на нејзините родители, а се роди пет минути по полноќ, по нормален пат. Петровска  на мајката и го честита донесувањето на свет на првото нејзино дете и прво бебе во Новата година во Битола.

 DSC 9569

-Нема поголема радост од радоста за нов живот, пет минути после полноќ го имаме првото бебе во Битола, женско, Евгенија, која ни донесе радост на сите. Нека е здрава и жива, да и се радуват во семејството, да има спокоен живот, да ни израсне во голем човек и со неа да се гордееме како битолчани. Честитки и до екипата која што се вложи да го имаме овој радосен момент и годинава нека ни биде бериќетна на сите, рече Петровска.

DSC 9571

Раководителот на одделението, прим. д-р Елизабета Чипуровска, од името на дежурната екипа им ја честита Новата година на сите граѓани.

DSC 9645

-За време на новогодишната ноќ имавме доста работа, пред доаѓањето на новата година се породија две пациентки, треторотки, а во новата година, првото бебе породено по нормален пат од мајка Анита дојде на свет 5 минути по 12 часот, со тежина од 3.530 грама. Се течеше во најдобар ред и мајката и бебето се во одлична состојба“, истакна Чипуровска.

DSC 9627

Градоначалничката  на првороденото бебе му подари ваучер во вредност од 20.000 денари, а на мајката и останатите родилки им подари букети цвеќе..

DSC 9612

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани