АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Слаб југозападен ветар, зголемување на облачноста во текот на оваа ноќ и врнежи од дожд утре најавуваат метеоролозите. Во Битола се очекува минимална температура од -2 степени, а максимална до 11 степени.
В недела , врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег на повисоките места и планините во западните делови од земјата, а се очекува границата на снежни врнежи да се спушти и до 500 м.н.в
Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а помала снежна покривка може да се формира и на некои пониски места.
Во почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен јужен ветар.
И биометеото за утре е неповолно.
Рано наутро ќе има лоши биометеоролошки услови, а кај метеоропатите во попладневните часови можна е појава на главоболка, но и болки во колената, грбот и вратот. Во попладневните часови кај поголем број луѓе можна е општа слабост. Во вечерните часови болките кои се од ревматски карактер, но и оние кои се од артритични промени ќе бидат поупорни.