АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Иње или смрзната магла утрово беше нафатена на растенијата во Битола. Тоа се смрзнати критали кои се нафаќаат на растенија и прдмети во текот на зимата кога температурата на воздухот е ниска, а нема снежна покривка. Во вакви услови водената пареа се згуснува, мрзни и се претвора во смрзнати иглички. Ињето ги побелува растенијата, а како појава слична е на мразот и сланата.
Битола веќе пет дена е под густа магла, а температурата не се искачи над нулата. Дури и временската прогноза за Битола што покажува дека е сончево и топло до седум степени Целзиусови, би важела во услови да нема магла. Под густа маглена капа како оваа над Битола, температурата останува ниска, денес до два степена под нулата.
Ж.З.