2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

„Молика“ од Битола со свој член во Комисијата за клима инвертери

Јануари 28, 2020

Движење за околината Молика – ДОМ Битола ќе има свој претставник во Комисија за спроведување на мерката за клима инвертери што ќе се формира на државно ниво. На денешната седница на Влада беше донесено решение за формирање на Централна Комисија за следење на спроведувањето и имплементирањето на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди за потребите на домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и на Градот Скопје.

Владата ги задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање, Канцеларијата на yаменик претседателката задолжена за економски прашања, Министерството за економија, Министерството за информатичко општество и администрација, кои се во функција на исполнување на оваа мерка, да именуваат по еден член и негов заменик и истото го препорача и до АД Електрани на Северна Македонија.


Во комисијата како рамноправни членови по еден претставник ќе имаат и граѓанските организации и тоа, Движење за околината Молика – ДОМ Битола, Еколошко здружение – Движење Еко Герила Тетово, и од Македонската платформа против сиромаштија – МППС, и сите тие се задолжени за постојана контрола и мониторинг на целиот процес на имплементација на оваа мерка.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани