2win800x200

Реконструкција со доградба на локалниот пат за Маловишта ќе започне наскоро

Јануари 29, 2020

Наскоро ќе започне реконструкција со доградба на локалниот пат за село Маловишта. Изведбата на патот во должина од 4 километри е со вкупна вредност од 22 333 784 денари.

Денес, градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, одржа работен состанок за подготовка пред отпочнување на градежните активности со избраниот изведувач ЛЕНДИ ГРУП ДООЕЛ Скопје и надзорот над проектот АД „ЗИМ“ Скопје. Со оваа инвестиција, конечно ќе се изврши реконструкција на локалниот пат за селото Маловишта, кој во моментот се наоѓа во многу лоша состојба.

После завршувањето на работниот состанок, стручните екипи, извршија посета на терен, со цел комплетно согледување на состојбата и дефинирање на начинот на кој ќе се изведуваат градежните активности.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани