АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Фабриката за пелети од отпадна слама оваа зима ги намали трошоци за греење на општинската зграда на Општина Могила, а во исто време придонесува и за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух, објави градоначалничката Јасмина Гулевска, постирајќи видео од преработката на отпадната слама.
-Со преработка на отпадната слама од нивите во Могила во фабрика што е под општинска надлежност, се произведуваат пелети кои се користат за загревање на општинската зграда. Со овој метод на искористување на отпадната слама за производство на пелети, покрај намалувањето на трошоците за греење се внимава и на намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух, вели градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска.