Отсекот за превенција на СВР Битола денеска го посетија Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас "Кочо Рацин" во Битола.
-Остварија средба раководниот кадар и вработените ,а секако на големо задоволство и со дечињата од Заводот каде им одржаа предавање во рамките на нивните активни проекти на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот",безбедност во сообраќајот, заштита од кражби, насилство помеѓу децата и многу други превентивни мерки за заштита, информираат од СВР-Битола.
На истите им беа поделени и флуоресцентни елечиња ,заради нивно безбедно движење во сообраќајот.