2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Воведен говор на СЈО за предметот „Транспортер“

Декември 15, 2017

Специјалното јавно обвинителство на својата веб-страница го обајви целиот воведен говор за случајот Транспортер што обвинителот Трајче Пеливанов го имaше на првото рочиште од главниот претрес во Кривичниот суд во Скопје, каде детално е образложен начинот на кој е извршено кривичното дело, со што буџетот на Општина Битола бил оштетен за над половина милион евра.

Почитуван Суде,

Добро организирано образование на нашите деца треба да биде врвен приоритет затоа што тие се нашата, и иднината на општеството. За квалитетно образование, ќе се согласиме, треба да се издвојат доволно средства. Но, кога организацијата на образовниот процес некој ќе се дрзне да ја искористи за да извлече противправна имотна корист, тогаш говориме не само за ниска свест, туку и за сериозен криминал, што за нас овде е од особено значење. Станува збор за предметот кој ова  Јавно обвинителство отпочеток го именуваше како „Транспортер“, во кој превозот на учениците за нивните родители е бесплатен како и секаде во Македонија, ноoвојпат скапо наплатен од буџетски средства.  

Индициите беа во прислушкуваните телефонски разговори меѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставрески, кои во времето на сторениот криминал беа министри во Владата на РМ. Токму тие во меѓусебниот разговор ќе заклучат дека станува збор за превоз на ученици во Битола „коруптивен до даска“.  Целиот воведен говор можете да го преземете тука

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани