АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Истакнатиот битолски поет Панде Манојлов за неговото долгогодишно и плодно творештво доби високо признание од Чувашката народна академија на науките и искуствата на Република Чувашија во Руската Федерација.
На признанието пишува дека Манојлов добива сертификат за почесен член на Народната академија на Република Чувашија, Руска федерација. Инаку, признанието го добива поради заслуги што со поетско творештво придонесе за ширење на мирот...
„Ова е награда за секаква почит, награда за мене, но и за мојот град, за мојот народ и Македонија! Благодарам на Академијата и целиот чувашки народ“, напиша Манојлов на својот фејсбук профил.