АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Народниот театар од Битола, денеска, на Клиничката болница ,,Др.Трифун Пановски'' од Битола ќе и подари околу триста заштитни маски. Од Битолскиот театар велат дека маските се направени од „вредните рацете на нашите шивачи кои неколку дена работеа за истите да стигнат онаму каде што се најпотребни“.
-Нека е честит денот на белите мантили и продолжете да се грижите за нас, а ние за Вас остануваме дома онолку колку што ќе биде потребно!, велат од НТБ.