2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Целосна дезинфекција на социјалните згради во Битола, Ресен и Демир Хисар

Април 08, 2020

 

АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен  простор изврши детална и целосна дезинфекција на социјалните  згради во Битола, Ресен и Демир Хисар и на административната зграда на Подружницата.

IMG e5f17dcce8735b956b75552b00ea5078 V

Со третман кој ги уништува сите бактерии и штетни патогени микроорганизми од површините, беа дезинфицирани три социјални згради ( со 121   станбена единица) во кои се сместени социјално ранливи категории граѓани -лица приматели на социјална помош, самохрани родители, деца без родители, лица со инвалидитет и др.

IMG 6bc4f1c18c8476599ac13a98b79931a1 V

Стручните тимови употребија средство кое е еколошко, односно кое и покрај својата голема ефикасност е целосно безбедно за околината. Во овие згради, како и во објектот на Подружница Битола, дезинфицирани се влезовите на објектите, лифтовите, скалиштата, ходниците и подрумите

IMG 4e0738743c653bbf76ab9a3a3354e01b V

.Акцијата ќе биде повторена  уште неколку пати и е во насока на сузбивање и намалување на можноста на проширување на вирусот КОВИД-19.

IMG 60bd9b3a2dee453c3de11dd81c10d21c V

Во изминатите неколку денови темелна дезинфекција беше извшена и на сите останати социјални згради и административни згради на АДСДП и тоа во Скопје, Охрид, Струга, Кочани, Македонска Каменица, Берово,Прилеп, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Куманово, Крива Паланка, Штип, Пробиштип, Тетово, Гостивар, Кичево, Велес и Македонски брод.

IMG 946621abeaa49098175ecf8e0030bbb3 V

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани