2win800x200

Филипче: Да се почитуваат сите мерки и постепено да се подготвуваме за враќање на животот во нормала

Април 09, 2020

На денешната прес конференција, министерот Филипче рече дека сме во фаза во која се воведени најрестриктивните мерки и ги повика граѓаните да ги почитуваат, затоа што само така ќе бидеме поблиску до враќање на животот во нормала.

„Сметаме дека мерките ќе дадат резултат. Истовремено се спремаме постепено и за тогаш кога ќе дојде соодветниот период, согласно бројот на новодијагностицирани пациенти кои што искрено се надевам дека согласно предвидувањата дека кон крајот на април ќе го достигне врвот по што постепено животот ќе започне да се враќа во нормала, како и целокупниот работен процес. Сакам да упатам една јасна порака дека нема да може така лесно целокупниот работен процес и животот да се врати во нормала со истиот интензитет, имајќи го предвид искуството на некои други земји и предвидувањата во исто време дека секогаш постои ризик и за втор пик на дијагностицирани“, информираше министерот Филипче.

Тој додаде дека од следната недела се почнува со интензивна комуникација со претставници на стопанските комори, на коишто од страна на Комисијата за заразни болести ќе им се даде јасна насока на економските оператори, производствените капацитети, рестораните и другите, како треба нивниот работен процес да го организираат - за кога ќе се одлучи дека е дојден моментот да се отстранат сите рестриктивни и ригорозни мерки целокупниот тој процес да се врати во нормала.

„Дозволете да ги повикам граѓаните - сега е исклучително важно да се почитуваат сите мерки. Како поминуваат овие денови во коишто е воведена сериозна рестрикција во движењето ние сме се поблиску до целта - а тоа е да го спречиме ширењето на вирусот и да го сочуваме нашето здравје. Сакам да се сите свесни дека ова е сериозен влог денеска за подобро здравје утре. Навремено воведовме мерки согласно дијагностицирани пациенти. Тие стануваа се порестриктивни и го амортизиравме ударот врз здравствениот систем во нашата земја. Здравствените работници во ниту еден момент не отстапија. Знаеме дека е ова тежок период, ова мора да се издржи, да бидеме дома. Секој ден како поминува ние стануваме се посилни и за што пократко време ќе кажеме дека сето ова вредеше и дека сме го зачувале нашето здравје и постепено нашиот живот ќе го вратиме на нашиот нормален колосек“, додаде Филипче.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани