2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Утре ќе се одлучува за целосен карантин за Велигден, во мај мерките ќе попуштаат

Април 12, 2020

Следниот продолжен викенд за Велигеденските празници најверојатно ќе биде со уште порестриктивни мерки.Министерот за здравство Венко Филипче, на  видеосесијата денеска рече дека Владата утре ќе одлучува дали карантинот ќе трае од петок попладне до вторник наутро

Филипче уште рече дека по наредниот викенд, ќе се дискутира дополнително за евентуални мерки во наредниот период. Министерот најави дека животот треба да почне да се враќа во нормала на почетокот или средината на мај, кога треба да почнат да олабавуваат рестриктивните мерки

-По Велигден ќе разговараме за промена на мерките за следните викенди, но нема да биде како што беше претходно. Нема да функциониа се како пред кризата, односно ќе има поинаков распоред од она што сме навикнати досега, рече Филипче

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани