АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 25 декември во 1923 година, во Битола е родена Естреја ОВАДИЈА-Мара, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Основно и средно образование завршила во родниот град. Била истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Во 1938 г. заминала во Белград преку Еврејското хуманитарно друштво "Визо". Од тој период станала член на југословенската комунистичка младинска организација СКОЈ. Во мај 1941 г. се вратила во Битола. Во 1942 г. станала член на КПЈ. Во април 1943 г. станала борец на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“, а набрзо потоа во Битолскиот партизански одред "Гоце Делчев". Кога била формирана Третата македонска народноослободителна ударна бригада н а 26 февруари 1944 г. била поставена за политички комесар на чета. Во август 1944 г. била поставена за политички комесар на баталјон во Седмата македонска ударна бригада.
Загинала во борба со бугарските војници од пограничната караула на Кајмакчалан на 26 август 1944 г
За народен херој била прогласена на 11 октомври 1953 г.
подготвил: д-р Александар Литовски, историчар