АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ОО на СДСМ Новаци денеска реализираше празнична хуманитарна акција за социјално загрозените семејства во населените места.
Во хуманитарната акција учествуваа дел од раководството на СДСМ Новаци ,кандидатот за пратеник од општина Новаци Ирена Поповска Талевска и градоначалникот Љубе Кузманоски , кои поделија хуманитарни пакети со прехранбени производи и средства за хигиена на социјално ранливите категории на граѓани од општина Новаци погодени од економско-здравствената криза со вирусот КОВИД-19.
-СДСМ како солидарна партија докажува колку е важно во овие кризни моменти е да бидеме единствени, да покажеме емпатија, да помогнеме и заедно да излеземе посилни од оваа тешка криза, велат од ОО на СДСМ Новаци.