АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Крајот на мај ќе го дочекаме со просечен број од 2-3 новозаразени на ден, смета професорот на Техничкиот факултет во Битола, д-р Дејан Трајковски анализирајќи ги бројките на новозаразени на дневна основа од КОВИД-19 во државата. Ако последниот нов случај го имаме во средината на јуни и од тогаш нема нови случаи полни две недели, целосно укинување на мерките би можеле да очекуваме дури околу 1 јули, ова е последната прогноза на професорот Трајковски, кој напоменува дека иако сме далеку од тој ден, сепак оваа прогноза може да ни даде извесна претстава за развојот на ситуацијата со коронавирусот во Македонија.
-Деновиве по медиумите слушнавме дека епидемијата на КОВИД-19 во Македонија немала класичен врв, туку плато. Не можам да се согласам со тоа тврдење, бидејќи применувајќи трократно усреднување на дневните броеви на нови случаи (зелената линија на првиот диаграм) се гледа јасен максимум, т.е. најголема брзина на заразувањето на 16 април, Велики четврток, смета професорот Трајковски и додева дека иако податоците имаат многу голема дисперзија, според прогнозатa на експоненцијалниот регресионен модел (црвената линија на првиот дијаграм) на крајот од месец мај средниот број на новозаразени би требало да опадне на околу два случаи дневно. Песимистичката прогноза вели дека до ниво на спорадично заразување (некогаш еден, некогаш ни еден случај дневно) ќе дојдеме дури во првата половина или дури во средината на јуни. Инаку, долниот дијаграм, којшто ги прикажува усреднетите вредности на количниците на геометриската прогресија на новите случаи, покажува колку нагло епидемијата преминала од забрзување (количници поголеми од единица) во забавување (количници помали од единица). Тоа се случило на 16 април толку нагло, што ни изгледа како некаква невидлива рака да го исклучила прекинувачот на епидемијата, вели професорот Трајковски.