АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Општина Новаци денеска се даруваше крв како дел од акцијата Караванот на хуманоста во рамки на Blood Bank-Tenk , Црвениот крст на РСМ , Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и општина Новаци.
Потребата од вакво хумано дело масовно беше препознаена од граѓаните на општина Новаци .
Акцијата ја поздрави градоначалникот Љубе Кузманоски кој се приклучи во истата и даруваше крв .
“Ова е прва краводарителска акција која се организира во нашата општина. Акцијата е дел од Караванот на хуманоста во рамки на Blood Bank-Tenk , Црвениот крст на РСМ , Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и општина Новаци .Кога се работи за спасување на нечиј живот и здравјето на граѓаните во време на глобална пандемија и криза , нема нешто посилно и поубаво од несебичноста и хуманоста да внесете светлина и надеж во нечиј живот. Со оглед на големиот број на граѓани кои се пријавија за дарување на крв, се надевам дека оваа акција ќе се повтори и во следниот период ,-истакна Кузманоски .
Од Општина Новаци се испрати заедничка порака :Да бидеме хумани –Да даруваме крв! .
Да се даде дел од себе во време кога човештвото е исправено пред предизвикот на пандемијата од Ковид-19, е достоен чин за почит.