2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Објавен тендерот за промена на кровната конструкција и дограмата во Техничкото училиште

Мај 28, 2020

 

Средното техничко училиште во Битола „Ѓорѓи Наумов“ го објави тендерот за промена на кровната конструкција и столаријата во објектот. 

-Ако се помине во најдобар ред се очекува со градежните работи да се почне од втората половина на јуни, изјави за Апла.мк директорот на техничкото училиште Владимир  Роме. 

Бугарската држава обезбеди донација од 133.000 евра за реконструкција на Средното техничкото училиште во Битола, општина Битола конфинансира 27.000 евра  за комплетна замена на  дограмата и покривот за што во март годинава генералниот конзулат Димитар Иванов и директорот на училиштето Владимир Роме потпишаа договор за соработка. 

bd216

Средствата се обезбедени преку  Програмата за помош и развој на соседните држави со цел учениците во Техничкото училиште следната учебна година да почнат настава во современа и реновирана зграда.  Целта е да се создадат нормални, добри услови за учениците, администрацијата и професорите во училиштето,а  во исто време ќе се постигне и еколошки ефект зашто училиштето се загрева на мазут и со санирањето ќе се намалат количините на потрошено гориво. 

-За нас е посебно важна оваа донација зашто училиштето од 1986 година откако е пуштено во работа немало никаква капитална инвестиција или пак, реновирање. Дограмата е во очајна состојба,а покривот има азбестни плочи кои се штетни и секаде веќе исфрлени од употреба. На ваков начин ќе создадеме подобри услови за настава на нашите ученици и вработени и успесите што ги постигнуваме ќе бидат уште поголеми. Ќе се заштеди на електрична и топлинска енергија бидејќи во моментот дограмата не функционира, не дихтува и во зима децата мора да седат на настава со виндјакни. Се надевам дека на први септември ќе можеме  да го пуштиме училиштето во нова опремена состојба со нов покрив со што ќе се надминат проблемите со прокапување по училници и спортската сала, вели  директорот Роме.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани