АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од ден на ден расте бројот на битолчани кои се во изолација и самоизолација поврзани со КОВИД-19. Според денешните податоци од СВР-Битола дадени за Апла.мк од вчера има нови 13 лица во изолација или вкупно во моментов се 60 лица со решенија за изолација. Додека пак, бројката на лица со самоизолација е 90. Од нив 5 се нови од вчерашниот ден. Во последните три дена во Битола секој ден се регистрираат по двајца нови заболени од КОВИД-19.