АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Oд Центарот за јавно здравје Битола не информираа дека во еден од фамилијарните кластери заболени од ковид-19 две деца се средношколци. Едното дете нема пријавено ниту еден контакт, а другото пријави четири, и тоа студенти и сите се ставени под здравствен надзор.
Од вчерашните три случаи, двајца се поврзани со веќе познат фамилијарен кластер.
Активни случаи има 10 лица од последните четири кластери, соопштија од Министерството за здравство за Апла.мк
Двете млади лица беа евидентирани во здравствените билтени од претходните денови, денес немаше новозаболени. Вкупниот број на битолчани кај кои болеста е во тек се 20, а од почетокот на пандемијата до денес се разболеле 54, кај двајца болеста заврши со смртен исход.