2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Милион и пол денари за фасадата и покривот на кабинетите во Медицинско

Јули 03, 2020

Во планот за чист воздух на Министерството за животна средина за 2020 г предвидени се 1,5 милиони денари за енергетски ефикасна фасада и покрив на објектот со кабинети во Медицинско училиште.

Во посета на училиштето денес беше заменик министерот за животна средина Јани Макрадули кој  рече дека без разлика на ребалснсот на буџет кој ги допре сите сектори, планот за чист воздух остана непроменет

 

- Владата цврсто остана на определбата за намалување на аерозагадувањето. Ковид-епидемијата не влијае врз капиталните инвестиции и во таа смисла ние си дадовме задача да не постои државен објект кој не е енергетски ефикасен. Покажавме дека можеме тоа да го правиме и ќе продолжиме со имплементација на планот „За чист водух“ кој има три компоненти, односно замена на нееколошки извори на загадување, енергетска ефикасност и зеленило“, рече заменик министерот Макрадули.

 

Градоначалничката Наташа Петровска  ја посочи состојбата со која се соочиле при доаѓањето на власт на оваа локална самоуправа, како и актуелните вложувања во оваа образовна установа.

-Ова училиште имаше долгови од над 36 милиони денари, но ние успеавме да ги вратиме сите наследени долгови, да го деблокираме училиште,  да вложиме 300.000 денари општински средства за инфраструктурни зафати во училиштето, на што дополнително доаѓаа средствата одјавните претпријатија со нивните активности, како поддршка во изведбата. Посебно сакам да ја нагласам успешноста на менаџерскиот тим на училиштето, кои  успеаа во сите овие околности да обезбедат донации кои дополнително допринесоа ова училиште да добие многу поинаков амбиент од оној кој го наследивме. За нас како општина значајна е поддршката од централната власт, во овој случај од МЖСП кое помогна за образовни институции, но и за решавање на други еколошки проблеми“, рече Петровска.

Со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање освен во средното медицинско училиште, во образовните институции се реализирани еко проекти и во средното училиште „Таки Даскало“, основното училиште „Кирил и Методиј“, „Александар Турунџев“ и градинката „Мајски цвет“.


-
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани