
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пишува: Соња Рилковска
Рецензирме вест објавена на порталот In7, на 08.07.2020 под наслов „ Ако не дојдете на митингот, ние ќе преземеме мерки “- шефот на Кабинетот на Мерко им се заканува на административците“. Во самиот наслов изнесени се експлицитни обвинувања на адреса на шефот на кабинетот на градоначалалникот на Струга, Дашмир Насуфи, без да се побара став од него.
Во текстот објавен на порталот, непознатиот автор пишува:
Овој исказ е „поткрепен“ со некаков скриншот на кој единствено се гледа сатница, нема автор, ниту некој доказ што би ги потврдил обвинувањата. Во наводната порака пишува:
Новинарот е должен за вакви сериозни обвинувања да ја контактира и другата страна. Да обезбеди докази, кои ќе потврдат сериозни закани и уцени кои може да бидат предмет на истрага .
Вистиномер.мк го контактираше Насуфи, кој вели дека тоа е политички инсинуиран напад од нивните опоненти од партијата Алијанса, кои го поддржуваат порталот. Негира дека испратил било каква порака до вработните во општината.
Новинарите мора секогаш непристрасно и објективно да информираат. Постулат на новинарската професија е да се обезбеди „втора страна“, односно да им се даде можност на сите засегнати во новинарскиот производ да го кажат својот став.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар