2win800x200

Дали само полициски час може повторно да ја заузда епидемијата?-анализа на професорот Трајковски

Јули 10, 2020

Дали само полициски час може повторно да ја заузда епидемијата? На оваа тема анализира професорот на Техничкиот факултет во Битола д-р Дејан Трајковски. Спорер него другите три начини се дисциплина во спроведувањето на превентивните мерки, вакцинација и колективен имунитет со прележување (во последно време научно оспоруван). Третиот начин би предизвикал многу умирање и можен распад на здравствениот систем. Дисциплината е најлесниот и најдобриот начин, ако може да се постигне.

108025887 827284434466743 4466071041405975840 n

Да видиме како функционира забавувањето на епидемијата со помош на заклучување во продолжен викенд ( слика).
Ги користиме следниве три претпоставки: 1.) врз основа на досегашната историја, во Македонија во отсуство на заклучување базичниот репродукционен број R0 е приближно единца; 2.) секој заразувач по еден сериски интервал од 4,5 дена при R0=1 во просек произведува по еден новозаразен. Всушност, 100 заразувачи по четири дена произведуваат 50, а по пет дена уште 50 заразени (во првата табела). 3.) при заклучување ќе сметаме дека трансмисијата е намалена за 80% (како што измеривме при велигденскиот карантин), т.е. дека заразувањето останува во рамките на семејството и меѓу недисциплираните. Тогаш 100 заразувачи произведуваат по 4 дена 10 заразени, а по 5 дена уште 10 заразени (во втората табела). Иако ова распоредување треба да се направи низ повеќе денови, за разбирање на принципот на работа доволни се само два дена, четвртиот и петтиот откако заразувачот бил дијагностициран.
Во третата табела гледаме како одело заразувањето пред заклучувањето, за време на заклучувањето и после заклучувањето од сите заразувачи во претходните денови. Во најдолната, четврта табела гледаме колкав бил вкупниот број на заразени по денови.
Очигледно е дека до понеделникот нема никакво намалување на дневните бројки. Во вторникот и средата доаѓа до намалува на дневните бројки, а од четвртокот по заклучувањето останува намалениот дневен број иако повторно R0 се вратил на единица. Значи, забавувањето се одвивало во вторник и среда, брзината на заразување опаднала, но по инерција останува на тоа ниско ниво.

Професорот Трајковски заклучува дека за целосно сопирање на епидемијата потребни се 6 недели, односно две максимални времиња на инкубација, точно колку што ќе изнесува времетраењето на карантинот во Мелбурн. После 6 недели градот ќе им биде „чист“, но во отсуство на вакцина одново пополека ќе започнат да се појавуваат нови случаи. Штом бројот порасне, ќе се воведе нов карантин и така сé до воведување на вакцините. Во идеален случај, заклучување треба да се прогласува автоматски (по алгоритам) штом биде преминат прагот на дневни случаи или при раст на R0 над 1,5.
Погоре опишаниот скратен (четиридневен) карантин е далеку од тоталниот, но сепак гледаме дека со минимално економско и психолошко нарушување се постигнува солидно забавување на епидемијата. Впрочем ова го видовме и на нашата епдемиолошка крива за време на велигденското заклучување од 17 до 20 април годинава.
Друг пат ќе зборуваме за тоа како ноќното заклучување исто така го намалува базичниот репродукционен број R0 и помага во зауздувањето на епидемијата.
Многу важно e луѓето да ја видат смислата на мерките (воведени врз научна основа!) за да не мислат дека некој намерно сака да ги заклучува и да се изживува врз нив.
На крај да кажеме дека заклучувањето може целосно да се избегне доколку доследно се применуват превентивните мерки, а за тоа нека послужи примерот на Битола. Тоа е ем поевтино, ем помалку стресно, ем подолгорочно решение, само што бара здравствена култура и дисциплина.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани