2win800x200

Граѓаните за повреда на избирачко право може да се обратат на 0800-54321, за Битола 047 242-310

Јули 14, 2020

 

Битола: 047 242-310, ова е телефонскиот број  на кој гласачите од Битола можат да пријават за повреда на избирачко право.

 

За пријавување на повреда на избирачко право, граѓаните ќе може да се обратат на бесплатната телефонска линија 0800-54321 во канцеларијата на Народниот правобранител, информираат од таму. Телефонската линија ќе функционира на денот на предвремените парламентарни избори во периодот од 7 до 21 часот.

Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329-996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488.

„Народниот правобранител потенцира дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, а повредата на слободата на определување на избирачите и другите повреди на избирачкото право се казниви дела,“ се вели во соопштението.

Оттаму апелираат во текот на изборниот процес да се почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани