2win800x200

Избирачки одбори во Битола имаат проблеми со пополнување на апликацијата за процентот на излезност

Јули 15, 2020

Избирачки одбори од Битола имаат проблем со пополнување на апликацијата во која се регистрира излезноста на гласачите за даден период. 

Оваа година беше воведена новина со која избирачките одбори добија апликација од ДИК  преку кој ги информираат ОИК за процентот за излезност, а на истата апликација можат да го пополнуваат и образецот 16 од Записникот во кој се сумирани сите резултати од денот на гласањето.

Од вкупно 169 гласачки места во Битола, над триесет од нив имаа проблеми со апликацијата.  

-Доцниме со излезноста на гласачите бидејќи дел од избирачките одбори кои се повеќе од 30 имаат проблем со пополнување на апликацијата. Ако на време не се логираат и не пополнат со бројки за излезноста после одреден период тоа не можат да го сторат, па сега телефонски ни се јавуваат и статистика така ги внесува податоците. Тешко им оди со пасвордите  и поврзувањето со ДИК, изјави Весна Томовска, претседател на ОИК-Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани