Во Битола денска се дијагностицирани три нови случаи на ковид заболени, со што бројот се искачи на 88 случаи од почетокот на кризата. Регистриран е и еден оздравен пациент. Во Битолската болница се хоспитализирани 35 пациенти, а како активни се водат 43 случаи.
Во последните 24 часа се направени 1700 тестирања, а регистрирани се 241 нови случаи на ковид-19.
- Скопје 73
- Куманово 10
- Дебар 1
- Штип 60
- Прилеп 5
- Тетово 32
- Струга 3
- Велес 1
- Битола 3
- Охрид 2
- Гостивар 14
- Гевгелија 6
- Струмица 4
- Крива Паланка 3
- Радовиш 3
- Крушево 1
- Кочани 8
- Пробиштип 1
- Демир Хисар 2
- Виница 1
- Кратово 1
- Свети Николе 5
- Кичево 2
Починати се 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица.
- Скопје 40
- Битола 1
- Пробиштип 1
- Демир Хисар 1
- Кичево 1
- Ресен 7
Досега во земјата се направени вкупно 84916 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9026, бројката на оздравени пациенти е 4727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885.