АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Славко Јовановски е повторно поставен за началник на Секторот за внатрешни работи Битола во Биро за јавна безбедност. Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од денеска (27.07 понеделник), согласно постоечките законски одредби за функционирањето на т.н. техничка влада, повторно се вратени на старите раководни функции 14 раководни лица на исто толку организациони единици во министерството, кои беа на овие позиции и пред формирањето на техничката влада.
Претходно на чело на СВР Битола беше Андреј Василевски како предлог на министерот за внатрешни работи во техничката влада Наќе Чулев.