2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Рекорден број на земјоделци од Пелагонија поднесоа барање за субвенции во подрачното министерство во Битола

Јули 31, 2020

Рекорден број на земјоделци од Пелагонија поднесоа барање за субвенции за 2020 година, во ПЕ на МЗШВ во Битола, потврдува за Апла.мк раководителот Методија Илиевски.

-Денеска заврши рокот за пријавување на субвенции за 2020 година. Подрачната единица во Битола внесе во системот 4900 предмети од територијата на општина Битола и општините Новаци и Могила. Годинава се поднесени 150 барања повеќе од минатата година што  претставува највисока бројка досега на поднесени барања, изјави раководителот Илиевски.

Рокот за поднесување на барања за субвенции за Програмата за директни плаќања за 2020 година заврши денеска. Во овој период се поднесуваа барања за субвенции за растително производство и тоа за поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади, за сточарско производство, односно оние земјоделци кои одгледуваат говеда, овци, кози, пчели свињи, за финансиска поддршка за заклани животни во кланица.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани