АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес во РЕК Битола се одржа состанок на членовите на Управниот одбор на АД ЕСМ и на раководството на комбинатот на кој се донесе Акционен план за надминување на последиците од поплавите во рудниците на РЕК Битола.
Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Државните електрани, Васко Ковачевски даде безрезервна поддршка за РЕК Битола за што побрзо совладување на предизвикот најголемиот производствен капацитет на компанијата да биде ставен во целосна функција. Само со максимална ангажираност и посветеност на сите вработени во РЕК Битола, како и во останатите подружници на АД ЕСМ, ќе го совладаме и овој предизвик, порача Ковачевски.
Директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски изрази надеж дека со сопствени ресурси, а по потреба и со поддршка на надлежни институции во земјава, комбинатот успешно ќе ги санира штетите од поплавите. Подготвени се редица краткорочни и среднорочни мерки што ќе бидат реализирани со поддршка на Управниот одбор на АД ЕСМ за брзо и ефикасно санирање на штетите.
Според податоците на стручните служби во РЕК Битола, во Рудникот Суводол во РЕК Битола се слеале околу 630.000 метри кубни вода, што претставува временски феномен незабележан во последните 20 години. И покрај елементарната непогода со која се соочува комбинатот, производството на електрична енергија засега продолжува непречено, согласно планот и потребите на електроенергетскиот систем на земјата.