Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се регистрирани 24 нови случаи на COVID-19
- 3 во Битола (лица на возраст од 18,19 и 82 години, сите даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице);
- 3 во Демир Хисар (лица на возраст од 61,63 и 64 години);
- 18 во Кичево (најголем дел од нив – 6 лица се во возрасната група од 61-70 години, половина од новорегистрираните даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице, поврзани во помали фамилијарни кластери).
Во Ресен нема новорегистрирани лица.
Денес регистрирани се и 7 оздравени лица (6 од Кичево, 1 од Ресен).