2win800x200

Министерот Шапуриќ ќе помогне во подобрувањето на инвестициската клима во Битола

Јануари 26, 2018

Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Зоран Шапуриќ кој е  задолжен за регулативата за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, вчера попладне ја посети oпштина Битола, и оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска. На средбата, Петровска детално го запознала министерот со финансиската состојба во која се наоѓа општината, а  разговарале и за насоките во кои е предвидено понатамошно делување со цел создавање на поволна бизнис клима за понатамошен развој и напредок на домашните претпријатија, како и за мерките кои се предвидуваат со цел подобрување на инвестициската клима за отворање на нови домашни претпријатија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани