Денес во регионот на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се потврдени 6 нови случаи на COVID-19:
- 6 во Битола (лица на возраст од 39 до 59 години), три од лица даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице и се дел од веќе познат кластер. Две лица потекнуваат од ист колектив без меѓусебна поврзаност, а едно лице е тестирано и претходно хоспитализирано во Клиничката болница во Битола;
- во Кичево, Ресен и Демир Хисар не се регистрирани нови случаи на COVID-19;
Денес се регистрирани и 7 оздравени лица (3 од Кичево и 4 од Битола).