2win800x200

Меѓународниот Ден на борба против полиото ќе се одбележи со онлајн трибина

Октомври 20, 2020

 

По повод меѓународниот Ден на борба против полиото – 24-ти октомври, Ротари Клубот Битола Широк сокак организира онлајн трибина насловена „Најнови информации во борбата против полиото“.

Настанот ќе се одржи на 22.10.2020 година, со почеток во 20 часот преку web платформата meet.google.com (CODE: mvc-tusv-jpq).

Гостин на трибината ќе биде д-р Маргарита Камбовска, специјалист педијатар во Специјалистичката гинеколошко акушерска болница „Плодност“ од Битола.

Целта на овој настан е да се подигне свеста за неопходноста од преземање на сите непходни мерки за искоренување на оваа опасна болест, за што Ротари заедницата даде огромен придонес и продолжува тоа да го прави се до конечно достигнување на “нула” случаи на светско ниво.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани