Илиевски-800 илјади евра обесштетување за земјоделци од Битолско погодени од град и поплава ова лето

Октомври 21, 2020

 

Владата предводена од СДСМ ќе исплати скоро 800.000 евра обесштетување на индивидуални земјоделци од Битола и битолско чии посеви беа погодени од град и поплава во јули и август годинава, рече координаторот на советничката група на СДСМ Битола - Методија Илиевски.

-Комисијата за проценка на штети од природни непогоди ја заврши својата работа, советниците дадоа поддршка за извештаите, а Владата на Република Северна Македонија во најскоро време треба да ги исплати средствата на сметките на оштетените.

За невремето проследено со град во јули, Комисијата разгледа и прифати 171 барање на исто толку зејмиделци, направи увид на лице место на 681 парцела и определи отштета во вкупна вредност од 44.651.605 денари. Со овие средства ќе бидат обештетени земјоделци во Кукуречани, Крклино, Карамани, Бистрица, Трново, Долно Оризари, Црнобуки, Горно Оризари, Крстоар, Брод, Жабени и Могила.

Ба градот и поплавата, пак, од август, Комисијата прифати барања за обесштетување на 14 земјоделци, изврши увид на 16 парцели и бара од Владата исплата на 4.088.000 отштета. Погодените стопанства се во Битола, Жабени, Оптичари и Логоварди, рече Илиевски.

Или вкупно...Владата ќе ја надомести штетата од градот и поплавите на 185 земјоделци од Битола и битолско во вкупен износ од 48.739.605 денари, односно речиси 800.000 евра.

Со ова потврдуваме уште еднаш дека СДСМ останува партнер на земјоделците и во арно и во лошо.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани