АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Иако сме на една година од локалните избори, се поочигледна е спрегата на опизициските советници во Советот на Општина Битола. Нивните барања, надвор од дневниот ред, наликуваат на однапред исцениран и координиран притисок врз власта да ги реши проблемите за кои и тие самите знаат дека се во постапка на решавање, рече на денешната прес конференција советничката од редовите на СДСМ во Општина Битола - Жаклина Наумовска.
Текстот од прес конференцијата ви го пренесуваме интегрално.
Иако сме на една година од локалните избори, се поочигледна е спрегата на опизициските советници во Советот на Општина Битола. Нивните барања, надвор од дневниот ред, наликуваат на однапред исцениран и координиран притисок врз власта да ги реши проблемите за кои и тие самите знаат дека се во постапка на решавање.
Јавноста беше сведок дека на последната седница на Советот на Општина Битола, опозициските советници побараа да се стават точки на дневен ред кои се однесуваат на прашања кои се во различна фаза на имплементација или се веќе решени во корист на граѓаните.
Економските мерки што ги побараа од ВМРО – ДПМНЕ за олеснување на даночната политика... се веќе реализирани.
Работата на Кризниот штаб за следење на состојбата со коронавирусот е континуирана и јавна. Доколку ов ВМРО – ДПМНЕ беа сериозно загрижени за имлементацијата на мерките против ковидот, сигурно немаше неколкупати во неделата да протестираат, непочитувајќи ги мерктие за заштита.
Што се однесува до Планинарскиот дом Копанки, крајно време е опозицискитер советници да прават театар и да ја замајуваат јавноста. Нема ја сочекаат разврската на правните процеси за кои единствено тие сносат одбговорност.
За училиштата, еднаш веќе молчеа. Кога ги разгледувавме завршните сметки. Нека продолжат да молчат и понатаму на оваа тема. Општина Битола е единстевната во земјава која само последниов месец одвои 128.000 евра за опремување на училиштата за изведување на онлајн настава и брз интернет.
Злоупотребата на советничката говорница резултира единство со повеќе гледаност на нивните исечени видеа по социјалните мрежи или со лајкови на сопствените ФБ профили. Проѕирни и лицемерни се нивните обиди да се подготви теренот за амандманите на опозициските пратенички во Собранието на Република Северна Македонија, иако ребалансот на буџетот се прави само со една цел – поддршка на граѓаните и стопанството во справувањето со ковид кризата.